снебива (несв.)
Поштарот се снебива. - Земи, облажи се. И водата ни е многу убава, од нашиот бунар.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакаше нешто да каже, нешто што мораше да се каже, но се снебиваше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Само се снебиваат и жално, о боже, колку жално, ме погледнуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти се снебиваш, велиш λογοζ, λογοζ, животот лаже - сонот не лаже... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имено, јас не се снебивав да го навратувам меѓу другарите почесто зборот на моите чевли, било да се жалев, било пак - што порадо го чинев - да правев смешки за своја сметка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)