снажен (прид.)
Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња заплетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, вооружени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа го донела во мојот гроб, си велам и при тоа сфаќам дека дембелот, каков што е вака крупен и снажен, може да ми стане па од сопствениот ковчег да излезам претепан.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата Народна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше висок, снажен, со долга руса коса, орловски нос, цврсти и секогаш румени образи, широко чело.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Прчот беше вистински џин, со јак исфрлен врат, со големи рогови, готови стреловито да полетаат, имаше снажни вилици.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како да со некоја идна Америка ќе владеат снажни жени, воинки кои наместо оружје ќе носат Reebok патики.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Додека оваа пошлост’во чист облик предизвикува само добронамерен потсмев, онаа другата - која што, како што вели Набоков, е особено снажна и опака, кога лажноста не е очигледна и кога се смета дека вредностите кои таа ги имитира му припаѓаат, со право или не, на највисокото ниво на уметноста, мислите или чувствата - се чини, предизвикува тегобност. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 161
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Насловните ликови на филмот на Гринавеј “Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник”, по истиот ред откриваат: еден итар мајстор-естет, еден тиранин-незналица, неговата угнетена и снажна женка и нејзиниот резигниран истражувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Борот го посади дедо му Аврам кога тој се роди во негова чест и спомен, радосен што му се роди машко внуче - да расте висок и снажен како бор.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Питома, не премногу снажна, да не ја препадне публиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но доколку го надминат шокот и ја согледаат длабинската симболика на сопствениот артефакт, смислата повторно се враќа, овој пат десет пати, сто пати или илјада пати посилно и се воспоставува како снажна персонална религија, како догма која ги миноризира сите порази од социјален карактер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Било која форма на знаење која би му упатила предизвик на неговото скептично разбирање на светот наидуваше на негово снажно неодобрување, дури осуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби тоа е ноќта. Листовите ѝ се мускулести и снажни.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нашата визуелна култура е опседната со млади, естетизирани, снажни, здрави тела.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Очигледно бил снажен човек, со дебел, јак и изразито кус врат, ниско чело и кус нос на црномурестото лице.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)