смртоносен прид.

смртоносен (прид.)

Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за сѐ што станува над нејзината тврда кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Проклет да си, црна богињо, срам да ти биде, слабото, несилно врапченце што си го зела на нишан, што твоите смртоносни стрели, отровни, титански си ги пуштила во малечките, слаби гради.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
При секој допир со предметите ја чувствуваш смртоносната усвитеност.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бесплодни, отровни, смртоносни, убаво пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Му кажа дека и во Италија за време на војната некој научник работел на ваков експеримент и успеал да создаде само некој вирус кој бил многу опасен - смртоносен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за се што станува над нејзината тврда кора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зашто за европскиот читател Балканот е, најчесто, синоним за конфликти, за братоубиствена омраза и за смртоносни разорувања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Напред, во трк!“ Деветмината луѓе брзо ги уфрлија во ракетата златните бомби полни со културите од смртоносни болести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ножот би го симболизирал пенисот, а смртоносното оружје како што се ножиците или бајонетот би ја изедначило смртта со инцестот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури тогаш сфатиле дека граматикот умрел уште по првата средба со буквите од натписот, и дека, најверојатно буквите имаат смртоносна, отровна моќ за секој кој ќе влезе во одајата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
1. Кога те сретнав беше минато крстоносна селидба, смртоносна веридба сега спомен долг таинствено ме коле љубовта со тага ме дои, нелулани мои во мене некој исконски бол е, сама сум како заборавено време.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе