смил (м.)
Се избезумија од тоа, и тој, и Претседателот, иако тоа беше само мимолетна едвај забележлива повенатост и зимурливост со боја на смил во тие старечки црти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пиеше црно турско кафе и пушеше жолт како смил најубав тутун...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И се плашеше секој прокоба некоја да не го стемни И фатен да гледа како го спепелува месечијната И во смил како го престорува: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво, Се на смил и на гороцвет што личи – ќе управува.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Пеј, Велико, пеј, ' ми вика Уља, Смилјанине, лудо дете, пејам, смил ти појас половина, пеј и играј, Велико, ја слушам Уља, сен ти лудо убавина, велам, што ти лице повенало.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога видов дека нема ништо, еда, седнав на земја, ба му ја, збирам душа, а Мисајлејца ме прашува: - Што си се острелушил така, бре Давиде, ми вели, еда, што си пожолтел ко смил во лицето?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нѐ виде во лицата ко дуњи, ко смил, којзнае ко што, и се насмеа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доаѓаше ли од темнината на шумите, од височината на ѕвездениот свод над мене, од модрината на далечниот океан, од мирисот на смилот и мајчината душичка во Одајата со чаеви, или од длабочината на моето срце?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
1. Нови абери цел ден не стигнуваа, трендафилчињата и сувото смилје на Калија не помагаа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му пикаше суви трендафилчиња и смилје во пазувите на кошулата што ќе требаше да ја облече за на дуќан.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Калија едно време стоеше без збор. Потем се заниша и брзо се откина од него, па се потпре на ѕидот: а ѕидот небаре почна да се лизга како пелте и да се рони како цветовите од смилјето што ги стегаше в рака.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тука среде смилот - седнаа да си починат, загледани наудолу накај коријата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)