слути несв.

слути (несв.)

И никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема Мече ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече, дај вода! … А Мече ги гледаше ѓаволесто и никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Светот - свет е, а ти - крв и рана, кој го слути твојот жеден плам, и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш сам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Слутам дека адвентистот и мандолината веќе не ќе имаат причина за кавга. Богоугодно дело за човечки мир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Рицарите под Симеоново знаме слутат: преполно кршење на катарки, распукани палуби, скршени ребра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стариот Јанче, ситно, загрижено и постојано уплашено човече, не слутејќи ништо добро во таквите постапки на Арслан бег, отиде да побара заштита од својот господар, од Јауз бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И не слутеше кутриот дека вистината веќе ја имам и во срцето, и во умот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На малечката и итра Митра не ѝ одмина таа загриженост на Перса, едноставно како да ѝ ја преслика мислата во себе оти и таа од ова дете слути само лоши работи, а какви, Господ и иднината го знаат тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо слути некоја неубава работа од негова страна! и откако помолча малку Морам да ти признам, ќерко златна, и моето срце затреперува кога ќе го видам! Не знам зошто!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ни не слутев дека неговата судбина ми ја раскажува преку песната што божем успаната девојка ја пеела!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слутиш: не се издава по сенката оној кој не се дели од неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Никој и не слути оти конецот на неговата трска одамна е скинат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Интуицијата на мајката е непогрешива. Таа слутеше што се случи меѓу мене и Оливие.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)