слонче ср.

слонче (ср.)

Бидејќи му беше многу топло, а можеби сакаше да го искапи и слончето, влезе со него во водоскокот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се случи вистинско чудо. Слонот се грижеше за малото слонче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А само едно од нив ја имаше премијата, односно сликичето на слончето. Сестричето доцнеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си го поделивме нашето чоколадно слонче. Остана и за другиот ден.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го виде сестричето како излегува со големото чоколадно слонче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)