сложен (прид.)

Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ИЛИЈА: Ама на попов му е зборот за во пости, дека сложни калуѓери и сабота и недела мрсат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: Има еден збор: „сложни калуѓери и в сабота и в недела мрсат“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: А, не така, попе, „сложни калуѓери и среда и петок мрсат“. А за сабота и недела сите ние јадеме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Уште понепристапна стана широчината отколку во времето на Баждар кога кај багремите се преслија сложните Црни браќа - пет беспризорни момчиња, секој поинаков од другиот и секој сличен со другиот во брзото барање на најкус и најсигурен пат да го постигне она што го сака, она што ќе му донесе залак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од едно незначително или значително писмо, мојата љубомора создаде сложна машина која што ги раскина, со своите запчести тркала, нашите души и ја уби нашата љубов и нашата среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некоја чудна и цврста рака ги сврзуваше и ги правеше да бидат сложни.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сашо не можеше да разбере. Мал е за да проникне во тајната на толку сложени нешта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сложена раскажувачка форма Настанот опишан во овој роман е поместен на почетокот на дваесетиов век.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неговиот пат е широк и непреградлив, ми вели, и прудолен и сложен, ми вели, туку ајде пченкава подзинува, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Случајот, како што се покажа потоа, бил навистина многу сложен, многу сериозен, дури тенок, деликатен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Битно е зашто на тој начин полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги пласира своите значења, своите поенти и откривања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Задачата беше сложена – свирката од еден краток и еден долг тон молеше за неколку поврзани дејства: змиулчето требаше да го најде лулето, да го земе меѓу запчињата и да му го донесе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Теренот е благ, патиштата сложни, и тенковите се качуваат секаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А душата не е од ништо составена, од ништо сложена, таа е проста, без составки - и затоа не се распаѓа и не гние, бесмртна е.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој плод на стравот, тој сложен облик на обеспокоената потсвест, тоа чудовиште во нивна близина, било 'ркулец на лудило што капнува од облаци или оживува во исконско мочуриште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Смрт за балканскиот предавник! – викаа сложните балкански маси сите со ками готови да си ги збрцаат во грбот едни на други така што потоа Европа да остане осиромашена. И толку.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе