слевање (ср.)
Самото спротивставување, борбата и слевањето на овие спротивни тенденции го создава движењето на категориите на „светскиот разум“, го обусловува „немирот“ и „саморазвивањето на апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Егоцентрична река.
Упатена накај белото море
па она друго и друго
сѐ додека не се нурне
во овоземниот облик
на бескрајот
- океанот.
Реката е предолго загледана
во својот крај - уточиштето
премногу втренчена во
преобразбата.
Реката така чека и
го дебне мигот
на својата смрт
- слевањето
во другиот.
Од идентитетот ѝ останува
само морската
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)