сладост (ж.)

Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Затоа, да биде блажена твојата уста, о блажени оче Кириле, од неа на мојата уста се источи духовна сладост.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Го искапа бабата. Кога го вршеше ова среде тишината темна, монотоно сите ги редеше маки на Јова, в потсмев кон сладоста земна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јадеше со чувство дека мора брзо да јаде, без починка, без застанување, зашто миговите во кои беше собрана таа сладост можеа да се испуштат и задоволството од убавиот ручек да пропадне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Леле! Само оној што бил в планина, само оној што бил гладен и уморен, само оној што печел сланина на ражен, знае што сладост е тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
О, сладост На Новото О, убост На болното И вечното Лудување. клучар Темнеам Заспан Студен Сал мојот Клучар Темничар Буден. не се ни родив Не се ни родив Не бев Ни Бил.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
И така би: цела ноќ чинев од многу – Едно. Голема ука е тоа, о бедни, и никој од вас не може да сфати каква возбуда силна душата ми ја обзеде, каква сладост, кога почнав да ги распоредувам стакленцата од огледалото по редот вистински.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не се повтори веќе во животот и не ќе се повтори изгледа никогаш таа само замислена, незадоволена сладост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја носи во очите сиот живот таа слика и во сеќавањето го носи она насетување и стресеност на животинче, кое иако првпат го видело она нешто и, иако без ука, знае дека е тоа птицата на страста и сладоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А не можеш со раката да им ја допреш сладоста. Само со очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја осетив таа сладост на усните и на врвот од јазикот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја следеа завидливи очи, испиени од ноќно бдеење, селани што би ја свалкале во калта и со сладост би ја нагнетиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Далеку се распростира како копнежна сладост во мрачниот предел. „Свири, Петре-е-ј“, му се одѕива некој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пискулиев се чуди: „Тч, тч, тч!“ Меѓутоа правата сладост си ја добиваше разговорот меѓу нив кога ќе преминеа на една тема што ги сврзуваше двајцата, на земјоделството.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ повеќе и повеќе, во меката сина здолница и во блузата со боја на пченка, се чинеше како нејзиното тело да набрекнува од таа новоформираа сладост, како да се разлева низ нејзините клетки, онака како што свежиот квасец го набрекнува тестото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе