славина (ж.)
Ќе заборавиме една танка нишка во славината и ќе се обидеме да го дешифрираме нејзиниот шум.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Чичкото што дојде да ни ги поправа славините дома беше необично симпатичен.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Фрлајќи уште еден незадоволен поглед кон својот лик, ја отвора славината. Ги измива рацете.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Сега од чешмата е останато само бетонското корито и нечистотија околу него. Цевките, славините ги нема, водата ја нема...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ако живеењето во Јавел се однесува на постојаните физички и сексуални нагони, или на постојано отворената славина, тогаш може да се заклучи дека нужна последица е опасното задушување, бидејќи дишачот или оној кој аспирира, живеат во Јавел.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓу нашите артикли на убава метална стока, ја препорачуваме славината која престанува да тече кога не ја слушаме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова исто така намерно е сложено, за да звучи како реклама: Меѓу нашите артикли од лиено железо, ја препорачуваме славината која сама се затвора кога никој не ја слуша.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Свртете ја славината уште малку и таа веќе никогаш нема да се врати во стабилен ритам; таа станува хаотична.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тогаш минимално одвртете ја славината и ќе слушнете наизменично долги и кратки удари.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Големиот нужник во паркот покрај кој мора да се мине смрдеше како што секогаш си смрдел, а тука беше и јавната чешма со скршената славина и баричка околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ги проверив сите славини. Радиото сигурно ќе јави.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вистина водата беше на почетокот млака, но штом ја свртев повеќе славината, започна неподнослив шум од движењето на водата веројатно под голем притисок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ја свртев славината. Металот жежеше, а водата беше врела. И со сила не се пие.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме – се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во славините има гумичиња. (Пауза) Можат да се поправат. (Пауза) Не мора да се фрли славината ако се расипе.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
МАТЕЈ: Луѓе сме, грешиме. (Пауза) Не ме интересира дали славините се расипани, дали славините се поправени.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: Ги поправив славините. Течеа, тураа. Едвај најдов гумичиња во град. Два саати шетав. Едни премали, други преголеми.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сосетката Стела истрчува во пењоар во потрага по својата загубена чедност и граѓански права, разминувајќи се со мајстор Величков (витален водоинсталатер по потекло од Драгалевци, Република Бугарија), којшто е во дилема дали водата од горниот кат капе затоа што тивкиот Јапонец од апартманот број 8 оставил отворена славина или пак ритуално се самоубил во плитката када.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Го наполни бокалот од една од помалите бочви и, сеќавајќи се на Милановата опомена добро да ја затвори славината за да не капе, извесно време клечеше и гледаше дали славината капе и, кога беше осигурана дека не капе, стана чувствувајќи ја вкочанетоста на зглобовите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)