скутале (ср.)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Подобро да е скромен со ваква ламја, подобро да ѝ се држи за скуталето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тодора се премести тешко од нога на нога и намерно си ги избриша рацете од скуталето, кое малку и го поткрена, божем се готви за нафора, а попот тогаш ѝ го виде мевот што баеги се беше устремил нагоре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)