скромно (прил.)

Мило ми е што се научи скромно да ми кажува за своите успеси.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Забележувам како кон нив се упатуваат коректно облечени луѓе, исполнети, кои контрастираат со другите луѓе, ослабени, со испиени лица и скромно облечени, видени дотогаш и подоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не оти немало што да се јаде. Имало. Но, како снаа, морала да се однесува скромно и да не биде прва што ќе земе, а за тоа време членовите на големата фамилија, па уште и комшии, момоци и чираци, го довршувале јадењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече скромно: „Па, Падишахот, светлоста нека му е вечна, нека прати еден султански берат за мене, и јас аферим' ќе речам.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стариот го интонира тржествено гласот, како да му поверува нешто драго и живо на Пискулиева, а тој одговара скромно, здржано, но сепак свесен дека ја заслужува таа верба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Живееш толку скромно. Дури и на смртта втасуваш да помислиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А бе ние повеќе пати си пивнуваме, - прирече тој скромно. Тие зборови го жегнаа Коча.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Фасадата беше скромно украсена. Прозорците на приземје и првиот кат имаа кремасти метални рамки во кружни форми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сиромашно, скромно, со чест и здравје.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Букурешт чува тајна голема, од гради ќе ви ја одкраднеме, сѐ што е наше, и наше ќе биде... скромно ви порачуваме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мудро, како во научни расправи (а авторот на крајот од романот кажува, скромно, само дел од консултираната литература!), се покажуваат тие културолошки и аксиолошки составки на балканскиот менталитет генерално.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)