скокне св.

скокне (св.)

ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Та, кога скокнала Антица, тој се нашол како нарачан и ја дочекал на раце, та ја спасил. И така на раце ја донесол горе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да скокнам преку пенџере, високо е, ќе се отепам; да седам нема кој да ме одбрани, ќе ми ја земе честа...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе скокнам... Подобро чесна в земја отколку нечесна над земја. (Се качува на миндерот и ја става ногата на прозорецот да скокне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Непријателството меѓу нас двајцата уште траеше и јас се наместив како да ќе скокнам на него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Нашата мачка е ловџика. Сега ќе ја најдам. - А црна ли е? скокнав од столот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подгрбавен, тој како да се готвеше да скокне; го гризаше цегарлакот и молчејќи гледаше низ обесени клепки. - Сега, најпосле изговори и се исправи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Суло и Злате пијат и спремни се на мигот од мудурот, ќатипот или мулазимот да скокнат и да извршат секаква заповед. Не толку поради убавата ракија и разните мезиња отколку за домаќинката си поседоа гостите и поправија „важни муабети".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оѕверен, налутен и уште на нозе, тој го извади јатаганот и скокна во ливадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Турците, што беа во заседа, скриени во суводолицата покрај ливадите, отворија на него оган; сега кога видоа дека тој бега и ја наближува шумата, скокнаа од местата и со пукање и викање се спуштија да го гонат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мачорот стоеше до трендафилот и го стресуваше снегот од грбот, што се одрона врз него кога скокна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му се чинеше дека нема да замине, ќе скокне во морето, ако го сретне уште еднаш неговиот тажен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А стариот итрец претпазливо се провлекуваше, готов да скокне секој момент.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кого удави? скокнала жена му како попарена. Мачката ѝ рекол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Диме наеднаш скокна и брзо се вовлече под креветот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега тој исплашено се разбуди и скокна: - Писмото?!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одоздола иде до ушите на Глигор шепот сличен на змиско саскање: „Песок, песок е, скокни!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе