сипка (ж.)
Се прибира само навечер да преспие и да го собере данокот - по некое јајце - од птиците кои му прават гнезда во куќата: гумнарче, плетварче, тресопатка, дрздалец, саријазма, конопарче, снегарка, гал, грлица, костенарче, сипка, штрк, був и други.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
За среќа, освен една сипка што еднаш беше влегла во мојата клопка, друго не сум фатил.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Нека ве сосипе сипката, вели Уља, ајде, сестрице Велико!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Куќата нејзина исполнета беше со кафези од секакви птици: канаринци, папагали, жолњи, билбили, колибри, сипки, кралчиња, чучулиги.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мислиш некоја сипка пее за да го расипе времето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)