синчец м.

синчец (м.)

Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
После Отец Симеон без причина се сети на сноп црвени булки, синчеци, качунки, јаглики.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од височинката, каде што се прости со Денко и доктор Коста, убаво се гледаше наоколу, и денот беше од убав преубав, небото сино како синчец, сонцето жолто како качунка, миризби како да е сред мајска покосена ливада, а сето тоа тој ниту го гледа, ниту го чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Голобрадо и бледо, во широката излитена униформа како да е загубено, откинува синчец и долго го врти во прстите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во првите зраци на младото сонце одблеснуваат бисери. Прекршен, наведнат синчец рони солзи роса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)