синов (прид.)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Се обидувам да запишам нешто - ракописот син, да проговорам нешто - зборовите сини, да помислам нешто - и помислата сина. Сини герании, сини сонети, сино вино...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)