симфонија (ж.)
Таква симфонија од звуци умееше да состави само јужниот ветер, а Бојан го доживуваше тоа бучење како најубава, најпожелна музика.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
По дваесет и седум години, што значи дваесет и четири години по смртта на Бах, баронот Готфрид ван Свитен, кому впрочем Форкел му ја посветил својата биографија на Бах, а Бетовен својата прва симфонија, се сретнал со кралот Фридрих накратко, и за таа средба вели: Тој [Фридрих], меѓу другото ми зборуваше за музиката и за еден голем оргулист Бах што живеел извесно време во Берлин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Гледајќи во правец на планината, го гледа сонцето кое заоѓа и ја слуша својата симфонија: тоа се само звуци кои се случуваат во воздухот околу него.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Па потем, незаборавната симфонија од бои на Светата Капела во Париз, со најголем број витражи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Си ја продолжуваа заедничката симфонија на стареењето, и по најтешките искушенија коишто им ги донесуваше животот на Балканот, преполн со неизвесности, да си го премостуваат животот, низ параболите на светите книги, низ нивните трансцендентни мостови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Немав теоретски можности да стигнам на закопот на мојот сакан брат, за кој велеше дека има душа-добрина, симфонија. Стигнав ден потоа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе мавтам грациозно со опашот, елегантно, како лебедова симфонија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)