силуета (ж.)
Околу него врвеа темни силуети, се судираа и брзо како ноќни пеперуги се губеа кон осветлениот платнен влез.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Грозјето бргу зрее. Стигнува и грозјеберењето. Во муграта темни сѐ уште силуетите на грозјеберачите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И на галебовиот синур лежи назабената силуета на броодт, тукушто пуштил сидро.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во утринската виделина се избиструва силуетата на стражарот кој мирно чекори пред банчината зграда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Жолтеникавата слаба светлина нивните силуети ги обвива во уште побизарна постановка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дење и ноќе, а се разбира повеќе ноќе, на „Пигал“ се врткаат трговците на убавиот женски свет, кои нудат „уживање“ во некои од локалите и баровите кои, по некое непишано правило, се збутани под земја, обвиени во некакво темникаво црвено светло, каде што луѓето прилегаат на силуети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Некаде во темнините, ја насети атлетската силуета со биковска глава.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
3. И пак доколку беше таа, Рубина Фаин уште еднаш излезе пред моите очи, излезе од ништо речиси од некаква линија на мрак и полумрак, слична на нејасен кораб што расне од точка и се доближува низ темни гами додека зад него, зад неговата сѐ појасна силуета, останува повидокот без привлечност и без моќ да предизвика генуфлексилност за осаменикот на крајбрежјето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така, од моќ во ноќ , напоредно со моето се побавно пишување, се сменуваа многуте Рубини Фаин, Се додека во сеќавањето не остана нејасна силуета на жена што заприлегала на неподвижноста на камен, или на камен од кој природата обликувала жена.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Збунета сум... Ѝ помагам да се подигне, па ѝ ја додавам чашата со розето: - А јас се сеќавам на твоето детско гласче кога ни велеше дека сме силуети што минуваме низ маглата – Сум го заборавила и тоа, иако мислам дека сум била во право.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој седеше до прозорецот, темна силуета, и гледаше надвор. Се уплашив – „Што правиш таму?“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Фантазирав, затворен во собата како ембрион во плацента – магличавите слики низ кои се провлекуваше нејзината силуета, се враќаа од некој дамнешен, затворен сон.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој притисна на гаста и ние јурнавме назад; дојдовме до свиокот и тој застана; го насочи фарот кон колата, но ништо не можеше да се види внатре, освен две силуети што се раздвоија кога фарот блесна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
(Нѐ пресретнува нивната насмевка. Нивниот од. Нивната силуета иако знаеме дека не треба да се овде.)
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа вечер, враќајќи се низ ходниците преполни со темнина од прегорените сијалици, потскокна кога од сенката пред нејзината врата се оддели машка силуета и направи чекор кон неа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Нѐ обзеде силен трепет кога, од далечината, ја забележавме нејзината осамена силуета, со двете куферчиња, како ни наближува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во ноќ каква што е оваа Во ноќ каква што е овдешнава Денешнава ноќ ви велам е посебна по сенката што зад себе ја остава простава моја силуета На мост што дава перспектива погрешна Мојата кауза денеска е света!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)