силување ср.

силување (ср.)

За Хитлер Германија станува глупа вљубена жена која тој едноставно ја растргнува при чинот на силување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Изложена е на сите видови тортура, претепувања, електро шокови, постојани силувања, агентите на Dina пукаат во неа, ја рануваат во нога, ја измачуваат со глад и жед и најпосле со уцени и закани во врска со семејството.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговиот глас, метализиран од појачалата, татнеше набројувајќи бескраен список од злосторства, масакри, депортации, грабежи, силувања, тортури на затвореници, бомбардирања на цивили, лажна пропаганда, непредизвикани агресии, прекршени договори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напротив, воената хистерија е постојана и универзална за сите земји, а чиновите како што се силувањето, ограбувањето, колежот на деца, претворањето на целото население во робови, репресалиите спрема заробениците, меѓу кои се подразбира дури и варењето и закопувањето на живи луѓе, се сметаат за нормални, а кога ги извршува сопствената страна а не непријателската, дури и за јуначки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Процесот, со мали варијации, е предвидлив (во пакет со т.н. локални војни = убивање, силување, рушење храмови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Се разбира, го премолчав она, за силувањата, што ми се најде на врвот на јазикот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Исти масовни количества несреќа, нечовечност, понижување, насилија, силувања, неизмерни количества болка и смрт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Претставата завршува со силување на експонентот на државната културна политика од страна на перформерите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)