сили (несв.)

Токо, да не силиме бога, арна е, здрава до вој саат, та потамо — господ златен!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас ги силам другачките, им подвикнувам да истераме повеќе од нивата дури не ни дошла сенката под петици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш скомина ги фаќаше и потајно ги силеа Јанческите да го тужат Тахир бег и да бараат да им биде вратен коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тој се возбудува и се сили.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зошто? Му барал пари. Се силел, ќе го заколе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со својот јунаштилак не туку се сили, но својата сабја сепак држи ја остра.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој се сили да постигне најполна концентрација, да го искористи до најголем степен веќе скоро исцрпеното време.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пискулиев тогаш се сили да покаже што поблаговиден изглед, иако за него тоа не е ни потребно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не си во тек, а се силиш, сакам да му речам а притоа ја избегнувам профанисаната изрека Претрчуваш како прле пред магаре!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)