сигурност ж.

сигурност (ж.)

Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со сигурност знам дека кон македонските националисти се придружија и македонските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата, и четникот Јордан Ангелов.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откај широчината доаѓаше Пенчо со зафрлена капа на тилот и длабоко завлечени раце во коланот. Газеше со војничка сигурност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А, ја! Нема да биде тоа! „Доста е веќе трудна", си рече со сигурност Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие со сигурност го држат ножот и не трепетат веќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше и знаеше: кругот се стеснува - полека, со сигурност, и подмолно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го слушаа и не му веруваа кога им рече дека можат да отпатуваат со него некаде далеку и богато да живеат; и се чудеа на неговата сигурност кога им објасни со немирни очи: „Моите пари се затворени во една каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Хемијата што ме мачи сега тој ја решил строго и едноставно, со математичка сигурност на култивиран и припитомен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: Сигурни. Во нашава работа, драг мој Иване, сигурноста сосем не е единица под наша команда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: (Доверливо.) Луков доби задача, во најскоро време и со стопроцентна сигурност да го организира убиството на Ѓорчета Петров.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Очевидно е дека повикот на Иванов го измести, го лиши од неговата поранешна сигурност.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој знае каде што се наоѓа во темнината, секој предмет може да го фати со непогрешлива сигурност таму каде што си стои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја сети таа далечна шега; таа му помина како незадоволна потсмешка со некоја невкусност, но за него сега беше многу поважно што можеше со сигурност да знае дека одамна навлегол во втората половина од таа бескрајна угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ха, ха, - рече Претседателот. А Змејко мислеше: кога си ваков, без ниедна трошка сигурност, и кога неа си ја загубил толку евтино, како овој тука, тогаш не ти останува ништо друго, освен да ги повторуваш зборовите на другите, да ги повторуваш нивните движења, да чекориш како што чекорат тие и да се смешкаш вака проклето изгубено, а смеата да ти е сѐ друго само не смеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Мораме да ѝ ја истиснеме водата! - со необична сигурност во гласот рече Денко. - Триј ѝ ги рацете и нозете!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Каква сигурност, какво спокојство се влеваше во неговата страдална душа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се фатив за неговата рака и ја притискав до својот образ како нешто спасоносно, нешто од каде ти доаѓа сигурноста во животот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе