сеџаде (ср.)
Испод прозорците миндер послан со сеџаде (по возможност црвено) и подрен со бели перници.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Валијата седеше скрснозе на посланото сеџаде, а сите други, според рангот, или стоеја, или на еден колк се потпираа врз миндерот до Мехмед-паша.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си изгледаше храбар и силен, и залудно досега потурнат и покорен, и бидејќи за ништо изгубил толку време, куц-куц, ни едно, ни две, туку се упати право кон софрата околу која седеа мутесарифот Абдула-бег, двајцата кадии и мулата, диздарот и неговиот кетхуда, ама и алајбегот, заповедникот на спахиите, па направи брзо темане, и на зачуденост на сите, без покана седна до нив на сеџадето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)