сетне (прил.)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Кој да ги памети сите. Повеќето не се вратија... Сетне имаше и од Леринско, од Воденско.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И, сетне, тој нема да ме припушти да му се доближам, не пак да ме остави да му се молам за прошка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А сетне, со време и сами ќе се свикнеме да се сметаме за погрчени и сите другите ќе нѐ сметаат за погрчени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нешто тајно, кое гали, стишува Кое спокојно во себе го запишувам, Го притајувам, не го објавувам Скриено го чувам, го заклучувам Сетне му се насладувам, се радувам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
- Но ако легнам со тебе, и самата сетне ќе мирисам на прчовина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ајде сетне ние пет-шест пати низ тој намет вака-така додека не отворивме тунел доволно широк да ги поминеме и коњите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ти си рекол страната што оди наваму, на исток, неколку милиметри да е пониско кладена и водата првин да трга наваму и дури кога ќе се пренаполни ваму, дури сетне да тргне натаму“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Ти првин да ја тргниш маскана твоја да не подава глава преку река, па сетне да зборуваш“, викна Коте Буџе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Научив турски. Едно време со брат ми Лазара поработив кираџија, сетне и анџии работевме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сетнем, дојде друг. Го фатија, го распнаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Звуците од стиховите, повеќе од сигурно, удриле во тие длабочини и со ехо, или ко што народот велит, со одѕун се вратиле назад, не остри и прободни туку обрабени и обли и ко такви стигнале до ушите, а сетне до душите и на нивните и на нашите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сетне се слушна глас дека бикот е виден покрај влезот на јамата на напуштениот рудник во Богословец, како квечерина исчезнува во темнината на рудникот, а наутро пасе по ридиштата кај минералните извори на Богословски Рид.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Првин се спротивстави на моето заминување, ама сетне попушти. Храбро ме благослови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Водата се оддалечила доста, заслегував малку надолу и десно кон долот, а сетне пак почнав да се искачувам малку нагоре по падината што паѓа откај Гупеш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ѝ помогнав да се качи на чунот. Сетне го поттурнав и тој се слизна по водата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)