сепне (св.)
Дедо Бошко сакаше да ѝ рече на жена си да ја запали борината, но нешто го сепна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Му се стори како да го виде на нивните лица она што ќе го предизвикаше таа негова покана, се сепна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ќе тргнете ли? – го сепна гласот на водичот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Зошто без маж? Не си Богородица, се сепнал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оваа мисла на Ивана му се свиде. Но пред да рече „Ајде“, се сепна. - А, ако удриме некого?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Лекум, како секогаш, појде кон дворот за да ги види козите, ама веднаш се сепна и се сети дека козите се оставени со козите на Чанга да ја делат заедничката судбина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој малку се сепна, се изненади, но прифати и отиде кај неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Старецот ги слушна зборовите некаде на површината на својата нежива свест; и одеднаш нешто во него се сепна, напрсна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Го сепна помислата дека кога човек живее со жена, овој вид на разочарување мора да е нормален, повторлив настан; и длабока нежност, каква што дотогаш немаше почувствувано спрема неа, го обзеде ненадејно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Емплфорт“, му се обрати тој. Телекранот не се развика. Емплфорт застана, благо сепнат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Знаеш ли кое време од денот е сега?“ праша тој. Емплфорт одново се сепна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Непријатен му е разговорот, а можеби и самото присуство на Иван Степанович, или го сепна она дозволјају што и мене не ме одмина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар тоа доволно не објаснува од каде сум“, ќе соопштеше со некој нагласен патос уметникот - Генерал, и наеднаш ќе се сепнеше и самиот изненаден од големината на зборовите што ги изрекол, па затоа и ќе се насмееше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога неочекувано ме здогледа во огледалото пред себе, прво како да се сепна, но бргу потоа се прибра.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Добро, се разбравме некако за таа работа и меѓувремено порачавме по една ракија, Баџата се расположи, а Сврделот го сврте разговорот на Информбирото што мене ме сепна, ама Баџата веќе се излана.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На мостот се скочани коњот, се сепна, ги подрашири нозете и ни напред ни назад. Стои укопан, трештен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И наеднаш како да се сепна. Погледна кон мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајка мигум замолче. Нешто како да ја сепна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)