сепаратист (м.)
94. Видните Македонци револуционери сепаратисти, како Делчев, 95 беа само ученици на првото поколение Македонци ученици српски и бугарски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓу жителите на Рајските острови владее поделеност – „Федералистите“ и „сепаратистите“ засега се изедначени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сите лица со кои се сретнал Гарванов во Бугарија му советувале да се откаже од сѐ и да се помири со „сепаратистите“ и „партизаните“ - како што ги викале водачите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)