сеништен прид.

сеништен (прид.)

Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Јакуза со својата сенишна величина ги милуваше градските бази на податоци, барајќи бледи слики од мене во облик на обележани сметки, трансакции, сметки за купена стока.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во последниот век науката разви технички проширувања на човековиот сензорен апарат коишто ја потврдија вистинската сенишна природа на комплексноста во која живееме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги слушаше како одѕвонуваат од една сенишна купола до друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг, тој заборави на сенишната фигура на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој командуваше со една огромна сенишна армија, една подземна мрежа од конспиратори посветени на соборување на Државата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во килавата мугра, Гита Корец гледа кон народните населби и ја чувствува, особено во вакви ледни мугри во кои на небото сенишно се пробиваат првите зраци, неизвесната судбина надвисната над градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Проклетството на погледите што го следат од прикрајоците, гласот на ветрот што сенишно свири низ празните маала кое насекаде го следи... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но кој да верува тогаш во овие сенишни мисли. Мораше да се чекори напред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)