сензуален (прид.)
Среќа што сум доста суптилен, романтичен, сензуален и сентиментален. Инаку, ќе беше крваво.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Една продавачка, жена која цел живот се трудела да ја забележам, ронејќи солзи, со усните сензуално потечени, ми вели: - А не, - ми вели. – Сите ние за него бесплатно делиме цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Пасивен консумент на реалноста Вештини на електронска реалност Се конформира со доминантниот Креира сопствен животен стил културен животен стил Конвенционално морален и Сензуален- сензитивен неморален Управува со сопствениот мозок; Избегнува мозочни промени; ги психоделичен прифаќа културалните модели Пасивен електронски консумент Електронски комуникациски вештини; кибернетичен
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас сум сензуално прилично активна, дури премногу, а физички премногу ретко го практикувам тоа бидејќи не ме задоволува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сѐ е толку смирено. Ја доживувам нирваната на нивниот Рај, во животворниот поглед на гејшините очи. Таинствено сензуален.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)