сензибилен прид.

сензибилен (прид.)

Таа сензибилна жена, пријателка од детството, доволно ме познаваше и најнеочекуваните мени да ги прифати како обични. – Да видиме што е! – едноставно рече, наметнувајќи го капутот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сензибилниот слух на поетот сепак регистрира придушен кикот во левиот агол, од каде шепоти брадлестиот: „Гледај го...татино синче...поетот со тенки живци...несреќниот Едипчо...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неколкумина млади, образовани, крајно сензибилни сликари, вдахновени со антикласицистичко самоволие, бараат нов стил.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сати и Веберн за Кејџ беа единствени композитори од западната традиција кои ја сфатија важноста на временската димензија во музиката; првиот, со ставот дека времето е рамка која треба да се исполни (со тонови), а вториот, со сензибилната организација на тоновите и паузите истакнувајќи го траењето како нивен заеднички параметар. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Алгичниот осет се восприема преку рецепторите за болка на сензибилните нервни завршетоци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)