сенешто зам.

сенешто (зам.)

И како што гледате – покажа на себе – некако поарно сме од вас во сенешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А не може да ги нацрта не дека не ги гледа, или дека не запомнил како изгледаат, или дека нема замисла како, туку дека умот му е раштркан, па наместо да се задржи на нив и на планот, го тера за сенешто да размислува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Е, со што? Сенешто имате во џебовите: џамлии, сликички, гума, молив...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дрдореше сенешто. Наеднаш, од неа бликна сѐ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ах“. Другиот воздивна. „Каква кошмарна земја. Сенешто се случува овде. Некој го згасна сонцето; ноќ е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа е треска, а тој си вообразува сенешто.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сенешто, сенешто, мој почитуван колега.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше полна со сенешто – крпи, картонска кутија со игли, конци, петлици и копци, прибор за бричење, парче ластик, но и нешто писма, некакви документи, фотографии.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некоја температура, си велам, некоја компликација, сенешто може да се случи. Вода не ќе може да си поземе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Во градот и по ановите има сенешто.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во мојата цртанка често наминуваат и едни чудни мерачи на далечини со гламјосани чела и без скафандери на главите кои сенешто премеруваат и домеруваат колку далечини собира во една детска цртанка и во една гламјосана глава без скафандер.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стана во мугрите. Се врти по куќи, мисли, размислува и сенешто и шепоти дека погреши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)