семожен прид.

семожен (прид.)

Веднаш до неа лежеше накривениот школски глобус со своите меридијани што ги познавав и бев семожен над нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во неподвижниот негов разум не воскреснуваше ништо друго освен неговото минато и тој се иправи и седна крај прозорецот на крцкавиот кревет натопен со семожни мириси на грев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ковавме семожни планови како да ги спасиме нашите кози, на чело со Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше разни семожни толкувања за татковото (не)купување коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со далечинско го палиш кандилото оболено и се крстиш пред семожниот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Идевме во татко­вата библиотека на тивко учење на премолкот, кога устата речиси и самата се отвораше пред предизвикувачките настани во тие барабански балкански времиња, исполнети со семожни наредби, пароли, диктати, лажни ветувања, немотивирани забрани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Семожни мисли ме обземаа, ме мачеа во трошките сон што ми преостанаа, ако не знаев дека сум ги преспал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаев однапред, бев теоретски добро подготвен за ова патување, дека во Албанија, во времето на сталинизмот, сите престои во земјата на странски делегации биле однапред добро селектирани и подготвувани, низ семожни подробности, со цел на патниците да им се понуди најубава­та можна варијанта за земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Формалното математичко мислење, значи, навистина може да осознае сѐ и ни нуди модели според кои сѐ може да се направи: така станавме сезнаечки и семожни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во преостанатото време, работев во својата лабораторија во која ги собирав семожните примероци на организмите од северните води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така чекорејќи во семожни мисли, стигна пред куќи. Крај порти го чекаше Јагулица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си поставувавме семожни прашања околу тоа што сѐ можело да се случи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе