семестар м.

семестар (м.)

Тој, зборуваа студентите, во почетокот на семестарот ги земал од библиотеката на Отсекот повеќето книги што на директен или посреден начин биле поврзани со темата на неговиот семинар и до крајот на семестарот ги чувал кај себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вработените во Нешнал ривју можеби се постојано во потрага по нов материјал, но сигурно не се толку очајни, па да имаат обичај да ја прегледуваат страницата на Универзитетот на Мичиген, ревносно исчекувајќи го точниот миг кога на полугодието Службата за студентски прашања ќе ги објави предметите што ќе се изучуваат наредниот семестар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа го работев првиот семестар по моето вработување таму, есента 1999 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, сфатив дека тој ден, оној петок, оној 17 март, 2000 година, Службата за студентски прашања на Универзитетот на Мичиген во Ен Арбор, каде што, всушност, предавам англиски, ја активирала информативната страница со распоредот, на која ги објавила предметите што ќе се нудат во зимскиот семестар од учебната 2000/2001 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)