селаниште (ср.)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во двата случаи, се работи за белгиски уметници кои излагаат во Париз, изигрувајќи селаништа кои одеднаш се нашле во библиотеката и меѓу среброто на аристократите во центарот на светската уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Не е така. Да беше селаниште - разбирам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
СТЕВО: Остави ме ти мене на мира. И сите вие. На глава сте ми качени. Проклети селаништа!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)