секси (прид.)
Трговијата со порнографија и со евтина секси булеварска литература, која овде, на „Пигал“, се продава на секој чекор, ја немаат во свои раце Французите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите девојки полудеа по Морисон - брзо се рашири веста дека постои некоја група со многу сладок и многу секси пејач.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тие не се носители на еманципацијата, како Парсифал или Прометеј, ниту носители на алтернативната иднина, ниту политички се „секси”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Малите секси хотели немаат послужување по соби”, го потсети Џоен низ солзи.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Младичот: Г-дине Краста, ние сме од таблоидот „Секси мустаќ“! Може ли неколку прашања?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Рацете одамна не се секси приоритетни се градите, пирсаните папоци, депилираното меѓуножје, евентуално прстот во уста. (сигурно користел хендс фри оној што се запрашал каков е звукот на плесокот со една рака)
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
- И ти си секси Бојана кога носиш зелена војничка капа!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во советот влегува и потсовет дека долна облека или гаќи никако не се носат зашто кој тебе ќе те чека да се соблекуваш... значи паѓа во вода онаа старата дека, ако треба, леб нема да јадеш ама добри секси гаќи мораш да имаш, затоа што тие сетики и леб ќе ти донесат, нели. Ви текнува?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)