секирче (ср.)
Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крсте се поокуражи. Го сврте магарето кон човекот и кога наближа на десетина метра и се убеди дека навистина е Ристе овчарот, рипна од магарето, го извади секирчето и се загна кај него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој ден Трајче го зеде секирчето, влезе во ќералчето, му го кладе самарчето на Дорча и викна: - Мамо, мамо!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Горјан и Огнен се фатија за работа. Едниот сечеше дрва со секирчето, а вториот ги местеше и странеше за товарање.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче слезе од него, му го врза огламникот околу вратот, го префрли торбичето преку рамо, го зеде секирчето и навлезе во буковата корија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Бојан зеде една стара, крпена торба, пушти во неа парче тричник, оној леб што од трици нарочно го месат за кучиња, префрли преку рака мало секирче со куса дршка и тргнаа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Старецот стана и влезе во тремот од колибата. Го зеде секирчето, го стегна стапот, па излегувајќи пред колибата извика: - О, Бојанееее, оооо!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кожава обеси ја, ќе ја штавиме за опинци, вика Лазор Ночески, дробовиве клај ги настрана, вели, ако немаш сатар, дај ми секирче, треба сите коски да се одделат од ’рбетот, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Максим повторно го зема со секирчето, потоа со сечилото на секирчето го трга накај себе и го истуркува од седелката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тргни се додека не сум го извлекла секирчето од нарамников. Или сакаш да ги повикам сосеткиве со сукала и со пиралки?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го остави секирчето на трупецот и еве ти го во собата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)