секач (м.)
Остануваше сѐ уште под неговото дрво, со исправена муцка, потсветнуваа матно и неговите очи и неговите секачи но молчеше, долепен до земјата и чиниш не дише.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот продолжуваше дури и да раздразнува со тоа свое останување, со таа своја валкана предизвикувачка храброст, и со тоа свое тврдоглаво чекање кога - тогаш тој да му падне меѓу неговите секачи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да беше со мене барем уште еден човек, додека оној се чиктиса право кон мене, и кога сакаше да ме разнесе со своите секачи, сандакон сега немаше да ни биде празен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се костреши така, велеше, и по некое време ќе се оддалечи, од под буката со влакна назапнати на секачите, на ’рпалите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)