секавичен прид.

секавичен (прид.)

Се качи Стојан трет и се фати за ќерамидите на калето и како мачка се спушти наземи. Со секавична брзина ја отвори портата и другите се втурнаа внатре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Никогаш, дури ни на взаемните велигденски и бајрамски посети не ја споменувале војната, време во кое тие се запознале, по секавичната жестока омраза да станат пријатели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ што било смрт бегало од нив како од смрт и се влечела по нив чудна и болна мелодија со нечуени зборови со кои се споменувало човековото раѓање и умирање, неговиот секавичен пат од колепка до одар - тоа мајка му на Куно Бунгур го оплакувала синот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е толку нестварно што секавичните сеќавања на тие мигови ме прават да доживувам срам од самиот себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
О Време, о Собитие!  Присуството завива ко жеден пес растојанието се стеснува во секавични контракции нема каде да бегаш се спрепнуваш од себеси од другите, од драгите - конечноста е вообичаено обележје на овој свет - сфаќаш, ама не вреди - традицијата не е на преден план за тебе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Време е и на малите деца да им се покаже дека рицарот се мери по оптегнатата стрела и по секавичното слекување на волнени оклопи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И тоа поради едноставна причина: нивното дејство е предодредено и него го диктираат одредби од претходно сценарио.292 Тие не носат сопствени одлуки; не дејствуваат самостојно; не ставаат во погон избрана стратегија за справување со даден брзо променлив сплет на околности, во согласност со одредени правила и според сопствената најдобра, секавична проценка на севкупната ситуација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)