сезонски (прид.)
Сезонска работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сезонска работа дури на пролет, им рекоа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На нашата територија имаме и постојани и сезонски загадувачи. Дали кон загадувачите се применуваат казни?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Та си реков, да проговорам, да те прашам, ти имаш познати, дали има прилика да ми помогнеш да купам стан на отплата, ама првин да сториш некако да влезам на работа во шеќеранана, во државно, макар сезонски во почетокот“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во 2007 година е воведено и работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи на корисниците на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При работно ангажирање до пет дена во месецот, на корисниците на социјална парична помош не им престанува правото на социјална парична помош, а при работно ангажирање за сезонски и други работи, ова право им мирува за времето на работното ангажирање, со тоа што по престанувањето на работното ангажирање користењето на правото на социјална помош продолжува.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со воведувањето на квотите се изврши и категоризирање на работните дозволи за следните пет цели: а) вработување на странци во Република Македонија; б) странци преместени во Република Македонија; в) обука и доусовршување; г) сезонско работење на странци и д) поединечни услуги од странци (чл. 5, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Само најнадарените и најупорните стануваат професионални мижачи и само тие ја растреперуваат темнината пеејќи комитски песни и разни други сезонски шлагери.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ко сезонско овошје час го има час го нема... и повторно се појавува но во друг облик.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Па така, работниот ангажман за вршење на јавни работи, како и сезонска и друга повремена работа, од претходно утврдениот максимум од 5 работни дена во текот на еден месец се зголеми на најмногу 90 дена во текот на една календарска година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Пред упатувањето на работниците на работа во странство, работодавачот од странската држава до Министерството за труд и социјална политика е должен да достави на заверка листа на избраните лица кои ќе бидат упатени за извршување на сезонски работи во другата држава. (чл. 3) 67 Закон за упатување на работници од РМ во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, Сл.весник на РМ, 166/12.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)