сезона (ж.)
Веле се штрекна од Аргировите зборови. Да, скоро ќе приврши и оваа сезона, а тој Веле го нема добиено мајсторското писмо.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Денес овој голем приморски град на црноморскиот брег е во исчекување на своите први летувалци и се подготвува да ја пречека новата сезона подобро од лани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во екот натуристичката сезона, низа улици во Софија се полупразни, без вообичаена живост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сезоната беше одамна измината, но сепак можеа да се сретнат гости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Последната летна сезона беше за мене многу успешна.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во Охрид отиде речиси во навечерието таканаречената туристичка сезона.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ораџиите нестрпливо чекаат валцерот на младенците да ја отвори сезоната. (Се обложувам дека онаа прекрасна воздржана госпоѓа за два часа ќе меша на маса.)
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Дури и паметниците подигнати од цврст материјал не ги издржуваат лутите промени на сезоните".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бидејќи вон сезона, тој навечер се прибирал во селото, а само дење го надгледувал манастирот со црквичето и конаците, колку што можел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓутоа, трипати поголем од плодот е трнот на трненката, кој е на штрек во сите сезони на годината и ја брани грмушката, било таа да фрла ластари или да држи плодови, сѐ додека не го замени нова генерација со истите бодежи од бајонети.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во борбата, вистинските додворувања го немаа значењето што го добија подоцна, во сите оние нејасни а многу променливи сезони на слободата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не се сменија сезони, беше едно единствено лето и можев да поминам со по некоја блуза или со лесен фустан.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Егзистенцијална фалинка.
Животот се добива на попуст
на крајот од сезоната
краткотрајна
како поларна светлина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тревките ги почитуваат пропишаните сезони, Реките не ги менуваат коритата на својата страст, А виното и понатаму лудува под жедните чардаклии.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Иако летово наполни четири сезони, ќерка ми уште е во шок од информацијата дека ти живееш во истиот град во којшто живее и нејзиниот идол Шиљо.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)