свртување ср.

свртување (ср.)

Гледање настрана и свртување назад веќе е глупост и само глупост, - се возбудува Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше како во некоја детска игра, при која волкот не го очекуваше неговото свртување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидуваше причините за ваквото свртување на синот кон партијата да ги побара во себе, во својата изолација од партијата, од политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Димензиите на моментот се сосем различни, така на пример, моментот на создавањето на светот во Библијата трае шест (човечки ли? Божји ли? земни ли?) дена, сосем на ист начин како што објективно не се точни изразите: „еден човечки век“ - кој не трае стотина свртувања на Земјата околу Сонцето; - „уф, колку беше долг денот” - кој не потраја подолго од пропишаните 24 часа и цела низа останати изрази и фразеологизми, сврзани со индивидуалните сфаќања на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се зачу орелот, заграка гавранот, и најпосле, слетувајќи на нивните раце со ѕунење, како шум од невреме на некое сеуште неродено лето, притоа правејќи го последното свртување и воздишка, се огласи соколот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Многу повеќе механизми се опишани во психоаналитичката литература вклучувајќи: инверзија, реакциона формација, изолација, редупликација, свртување против себе, преисправање, идеализација, дереализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И сѐ повеќе се правеа свртувања силни, полетни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бидејќи, за систематично да се поткрепува културата на контрадикции, за едно отворено свртување кон феноменот на масовната култура, за константно да се испитува привилегираната позиција на интелектуалецот, и за да се поддржат демократските промени, мора да се биде изрод, бастард.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој запис повторен доволно пати на звучната лента ќе може да се чуе 280 свртувања во секунда на звучната лента ќе произведат еден звук, додека портретот на Бетовен повторен педесет пати во секунда на звучната лента ќе има не само различна висина, туку и друг квалитет на звукот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А Татко со вештото свртување на кормилото ни се чинеше оти го мами змејот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ова свратување во гостилницата не беше пресметано како што сега си замислувате за изведување некакви дејствија и агитирање кај селаните.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)