сврзник (м.)
Двојна негација Едноставно е. Како сврзник. Може да поврзе сѐ.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Камилски, откако реферира за зборовите за кои беше задолжен од областа на духовниот живот, верата, потоа за именките, заменките, придавките, прилозите, сврзниците и извиците, коментирајќи ги најкарактеристичните за да бидат внесени во конечната листа, неочекувано за Татко, се задржа најмногу, како што си вети во подготвителната фаза, на турцизмот филан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)