својствен (прид.)
Тие знаат оти во тој говор вистина се имаат особини општи со бугарскиот јазик, но исто така се имаат и особини општи со српскиот јазик, па и такви што се немаат ни во српскиот ни во бугарскиот јазик, а им се својствени само на македонските наречја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како да го гледа во очи и на нејзе својствен начин му се потсмева.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Огромна е железничката станица која зафаќа доминантно место на „Монпарнас“ и која со својата својстсвена современа архитектура многу се разликува од старовременскиот амбиент.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Вчудоневидени ќе дознаеме дека споменатата пракса во работата на сонот им е својствена и на најстарите нам познати јазици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Споменатите американски автори се служат со класичната психоаналитичка терминологија - его, супер-его и ид, за која сметам дека поставува непотребни препреки за разбирање на случајот; описот на пациентката изгледаше како токму нејзе својствен начин на гледање на себе, не како наметнат или сугериран.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не случајно е поставен на ова клучно место, на пресудната барикада во борбата за преобразба и создавање на новиот човек на комунизмот, во единствениот „дијалектички процес“, својствен само на албанскиот народ, во конечното искоренување на троверството, во дефинитивната сталинско - комунистичка преобразба на масите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Протагонистите се приврзани на низа својствени вредности на еден клан („Сѐ додека нашиот татко беше уште во живот, семејството за нас беше истовремено и држава, и нација, и вера.”) ѝ припаѓаат на идеологијата која го одржуваше култот на една неверојатна монструозна хипостаза на божеството: Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Многу од убедувањата и ставовите што се бараат од него никогаш не биле јасно искажани и не би можеле да бидат искажани без да се разоткрие притоа сета контрадикторност што му е својствена на Ангсоц-от.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во земјата се рукаше. Се случуваше самоубиствениот синдром, својствен и во други ситуации и кај други балкански народи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во длабочината на очите имаше блесок, својствен само на неа, и на никој друг.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)