сведоштво (ср.)
Материјални сведоштва нема ни за тоа, барем науката не располага со такви, дека Градиште некогаш било богомилска, односно бабунска населба - освен долот кој се именува по нив и освен еден погрден збор, бабун, со кого денешниве жители на Потковицата означуваат некого кој се изопштил и од луѓето и од бога.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А од нивната касарна, таму најгоре на Чауле, како сведоштво за немоќта на војската да се одбрани од ајдутските напади, и ден-денеска се расфрлаат камења и старовремски ќерамиди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не беше рамнодушен ни кон сведоштвата од татковите книги на Марцелинус и Прокопиј, според кои долгиот бедем на Калето, сличен на античките киклопски ѕидишта, допира уште од времето на византискиот император Јустинијан I.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Харнад: Хејс сака да го дисквалификува Серловото сведоштво за неразбирањето кинески затоа што Серл не е соодветно имплементирање (додека не затапи и не биде преземен од Силата како нуспроизвод на придвижувањето).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И Хејс и Перлис имаат само една цел, без оглед дали се свесни за тоа или не: да најдат основа за обезвреднување на секое негативно сведоштво за да можат безбедно да ѝ се вратат на менталистичката интерпретација на „виртуелниот” систем - интерпретација којашто самиот виртуелен систем никогаш нема да ја избори затоа што еден симболички систем мора „по дефиниција” да е способен да ја понесе целосната тежина на една систематска интерпретација.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Врз основа на нивните сведоштва, напишани или јавно изречени, кои се, навистина, понекогаш контрадикторни, можат да се изведат извесни основани претпоставки за тоа како и кај кои личности дрогата делува на творештвото, иако сѐ уште сме далеку од тоа да можеме да изведеме некои генерализации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нејзиното потпирање врз француската феминистичка теорија открива една философска наклоност која ја споделуваат полските и екс-југословенските феминистички интелектуалци, и е сведоштво за една философска ориентација поинаква од онаа која е доминантна во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Самата девалвација на зборот „говор“, она што ја издава малодушноста на речникот, искушението на ефтиното заведување, пасивното препуштање на модата, свеста за авангардата, т.е. незнаењето, сето тоа претставува сведоштво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Најпосле музиката се стишува, а од ѕидовите ечи силен глас: - Другари посетители, ги запознавте тајните на нашиот славен Атеистички музеј, единствен од таков вид во светот, историско сведоштво за победата на нашата славна партија над троглавиот Бог во нашата судбина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Што се однесува до Луан Старова, тој суптилно владее со раскажувањето и историското сведоштво.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сакам, првин, да го нагласам ова пријателство, а потоа да изнесам и неколку лични сведоштва со кои се здобив при учеството на Луан Старова во работата на Академијата на амбасадорите, односно во жирито на амбасадори акредитирани во Париз со книжевно-публицистичка вокација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неподнослива смрдеа од пот, како несвесно сведоштво за напнатоста на неговиот живот, го следеше насекаде па дури остануваше и зад него, откако тој ќе заминеше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Текстот на записот, според сведоштвото последно на отец Мида, бил напишан во форма на клопче, така што не можел да му се определи ниту почетокот, ниту крајот; од каде да си тргнел во препишувањето, поинаков распоред на буквите си добивал и поинакво слово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бев чул, дека тој гроб би можел да биде гробот на Никола Поцо, мојот предок, но немав сигурни сведоштва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Таа заложба има тежина на жив пример, има едно прличевско рамниште, т.е. достоинственост на сведоштво и ефект на јасна формулација.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имаме и други сведоштва за тоа што ни го одзедоа, за куќата, за лозјето, за воденичката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)