сведочење ср.

сведочење (ср.)

Според прецизните сведочења на староседелците работите се одвиваа вака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Постои време за сведочење, но постои и едно друго време за пишување на историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги испитуваа со недели, месеци, години моите извештаи, меѓутоа никогаш не бев повикан на некаков разговор или сведочење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Според дефтерите и според сведочењето на мухтарот, селото плаќа триесет акчиња годишно...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според дефтерите и според сведочењето на мухтарот, селото дава триесет акчиња годишно...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никола Поцо, со трговско седиште во Цариград, тргувал со светот, а според сведочењето на мухтарот, на селскиот старешина на Маказар, кој е наведен во патописот на Барт, тој одржувал врски и се грижел за својот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е умирање со сопствено сведочење, направено во вид на ПИСАНИЕ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Посебно ми паѓа тешко фактот дека оваа измислица треба да компромитира познат учесник во борбата за слобода", нагласува во своето сведочење другарката Басотова.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа границите се најдоброто место за сведочење на секојдневните практики на исклучување и вклучување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во својата контроверзна одлука судијката го отфрла сведочењето на единствениот сведок кој и беше директен учесник во настанот, на база на соседски и пријателски однос меѓу него и Јакшиќ, а го прифати сведочењето на надзорникот кој беше и единствениот кој знаеше да работи и кој ракуваше со машината.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)