саќе (ср.)
Ако најдеме пчела работница, лесно е да ѝ го најдеме легалото и саќето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Геометриското саќе е духовната топлина во негативна форма; течниот мед е духовна топлина како позитивна сила на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Над нивните отвори ѕунеа човечките гласови, ечеа, се одѕиваа, како пчели над саќе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)