сатиричар (м.)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ханс Каспер (германски сатиричар) 5. Добро е да се создаде демократија за народот, но многу е поважно народот да се воспита за демократија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секогаш кога ќе ги чујам луѓето како велат дека не можат да комуницираат, си припомнувам на една реченица од социјалниот сатиричар Том Лерер (Tom Lehrer): „Би сакал сите луѓе кои се жалат дека не се способни да комуницираат да бидат барем толку учтиви да замолкнат.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Доналд Бартелми (Donald Barthelme) претежно е сатиричар и пародист, писател когошто „денес најмногу го имитираат во САД“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„На ненаселен остров не можеш да се прославиш“ рекол рускиот сатиричар Емил Кротки. Славата е резултат на човековиот резон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)