сардела ж.

сардела (ж.)

Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овие немирни води се криеја безброј невидливи јагули, покрај пастрмката позната како летницата (има неколку видови летници кои само рибарите ги познаваат, како белауста, мајојца, адуница и други), кресница (вид пастрмка), крапотник (најголема езерска пастрмка) белвицата, крапот, плашицата (езерска „сардела”), скобалот, кленот, мрената и мноштво други ситни риби како грунецот, моранецот и шлунецот риби.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа сардела ја носеше таа секаде каде што бевме и каде што одевме целиот живот, како некој нејзин знак за живот по сопствена мерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Мамо сарделите и бегониите убаво ти презимиле, веќе имаат пупки“, гледаше мама Злата пред влезот во куќата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги подредуваа така што меѓу нив ставаа саксии со папрат и аспарагус, зашто сарделите зимно време не вегетираат, па ќе бидат засолнети со зеленилото од папратта и аспарагусот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Џамлаци гледаа на улица, и во нив саксии со сардели.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Маџир маало Ѕидовите со вар варосани од кои, ако се почешаш, целиот ќе си побелен, сарделата (во ИНА конзерва), долапите од надвор на „фасадата“ за тенџерчиња со бели точки, повторно со црвени сардели ползавци, блиску, блиску со дворовите, па за интимно кафе посабајле или чаша вино со „некој“ во квечерината - нема шанси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште во осмолетка се вљуби во првиот комшија. Во истата зграда, на истиот кат, во различни влезови, ама балконите им беа еден покрај друг и ги делеа само два реда саксии со сардели... и голема разлика во години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)