самороден (прид.)
23. Тоа покажа кој најмногу е заинтересиран за македонското движење затоа го пренесоа центарот негов во Македонија и направија уште еден цел ред фокуси за да се покаже оти брканицата е однатре и е самородна појава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
— Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, — го отпоздрави Апостол кој многу ги ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како самороден војвода со неограничена од никого власт, тој почна и да заповеда заканително.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А горе, горе сѐ порив до порив
да се бара, да се бере, да се бира
да се стигне негде, макар без цел
а горе, горе самородна арома со горчлива слуз
заситувачки и насладувачки марципан
бадемов прав и крем
служен во мали дози, налик на отров
а горе - друг свет, поинаков, питомо див
понекогаш видлив, понекогаш не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)