саможртва (ж.)
Синко мој, нема подобри услови и подобри времиња, без подобри луѓе, без работа и без саможртва.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во тие подготовки вложувал сега повеќе труд и пари, покрај другото и заради потребата да го покрие колку што е можно поуспешно таканаречениот случај „Прислужничка“ и за да се претстави како човек, не само на добри намери, туку и на голема саможртва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неговата ароганција е неизлечива, ароганција која сака да се претстави како понизност дотаму што да личи на онаа Христова саможртва.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мислам дека никаде го нема тоа херојство, тоа себеоткажувње, таа саможртва...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа нивна саможртва народот секогаш ќе ја цени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нивната саможртва требала да ја убеди Европа дека народ што е способен да раѓа такви херои е достоен за човечки живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Само прадедото Прокопија, како што веќе реков, немаше таква склоност кон безрезервна саможртва.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Сепак, посоветувај ја девојката дека саможртвата не се исплатува – продолжуваше со советите Грофот без да си ги измие рацете – таквите истапи, како нејзиниот, доведуваат до прераспоредување на вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неа им ја овозможија оние што во срцето, до границите на личната саможртва, ги негуваа и ги одбранија двата идеала, човекољубивоста и божествената праведност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш ние бевме млади, исполнети со елан, ентузијазам, верба, храбри и посветени на идеали, секогаш готови за саможртва.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога ќе го прашаат на што се должи таквата верност рамна на саможртва тој ги крева рамениците.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само за три дена поцрнаа белите денови и напразно отиде целиот труд и саможртвата, во неповрат се растурија надежите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Подемот на насловниот лик, преку напорна работа, саможртва и безљубовен втор брак, до богатство, гламур и висока општествена положба – заедно со придружните фрустрации, разочараност, расипување и виктимизација — се сведува на една мошне конзервативна, морализаторска приказна, а сексуалната политика на филмот е идентично ретроградна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)