салатичка (ж.)
Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)