сакма (ж.)
Од шајаците ќе прави гаќи за машките, од клашните — гуни и сакми, а од козината — покрови за ергените во кои ќе спијат првната вечер со невестите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дел од кошулата расип — вода за растур раст — храст, ситна шума ресен — веленце со реси, тулбен, шамија со реси реченија — судбина решме — женски накит од многу срсбрени пари нашиени на подвески ромак — болно, обично криво животно кое дома се храни и пои ронкарка — метла со која се метат ронките 'рслан — лав 1) Во преносна см. син како лав рувет — носија рута — награда за трудот што го дава човек на човека, чорбаџија на момокот саватлија — прстен сребрен со монограм саѓиа — женска облека до над колена со кистови сајсана — добра кобила, атица сакма — машка долга облека, дебела место долго палто сак'н — немој сакуле — малечко торбиче светилник — железна направа со венец на која се клава боријата да свети сврчок — ѕадникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По сакмата и капата го позна татка си свиткан врз големиот камен од портата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Си влезе во кошарата, ја обеси сакмата на колот зад врата и излезе та го зеде Трајчета на колено и почна да го гледа внимателно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ко сенки, ко сеници се точкаат: со пушки, со ќебиња, со украдени сакми, со некакви врзопи преку рамења.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)